• среда, 01 април 2026

Се оформува паркот во Сиричино – градоначалникот на Општина Јегуновце изврши увид на динамиката на работите

Се оформува паркот во Сиричино – градоначалникот на Општина Јегуновце изврши увид на динамиката на работите

Тетово, 12 март 2026 (МИА) - Површината од 12 500 метри квадратани што е планирана за парк во Сиричино, Општина Јегуновце веќе го добива својот лик, информира градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски по денешниот увид на одвивањето на градежните работи.

Минатата година Општина Јегуновце во Сиричино почнаа подготвителни градежни работи со цел уредување на парк со површина од 12.500 квадратни метри со што ова село ќе биде најверојатно првото населено место во тетовскиот регион каде ќе има парк согласно дефиницијата од Законот за урбано зеленило – „парк“ е зелена површина со големина над 1 хектар, која се користи за одмор, шетање, разонода и игра. Толку голема површина за парк нема ни во Тетово.

-Денес направив увид во тековните градежни работи на новиот ексклузивен парк во населеното место Сиричино, проект кој значително ќе го разубави просторот и ќе создаде ново современо место за рекреација, одмор и дружење за жителите. Со задоволство можам да констатирам дека работите се одвиваат со добра динамика и согласно предвидениот план. Сиричино добива ново уредено катче кое ќе биде гордост на жителите и место каде ќе се создаваат убави моменти, посочи Костадиноски.

Се работи на уредување на просторот што се наоѓа во близина на основното училиште во Сиричино, каде патот за влез во местото се дели кон Шемшово и десно кон Туденце.

Во паркот поплочена патека за движење ќе биде со вкупна должина од 780 метри, истиот ќе биде ограден, со можност за влегување од четири места. Покрај зеленилото предвидено е да се посадат над 300 дрвја.ас/са/

Фото: Општина Јегуновце 

Остани поврзан