• недела, 22 декември 2024

Се откачи рингишпил во Србија, повредени 13 деца

Се откачи рингишпил во Србија, повредени 13 деца

Белград, 8 мај 2024 (МИА) - Тринаесетгодишно девојче е тешко повредено, а 12 деца се здобиле со полесни повреди кога на саем во српскиот град Куршумлија се олабави дел од конструкцијата на рингишпилот, пренесува Бета.

Директорката на локалниот здравствен дом Уранија Петровиќ за Радио-телевизија Србија (РТС) изјави дека 13-годишно девојче е испратено на лекување во Клиничкиот центар во Ниш поради повреди опасни по живот.

Полицијата соопшти дека е уапсен сопственикот на рингишпилот.

Телевизијата Н1 јави дека повреденото девојче без свест било пренесено во Ниш.

Според медиумите, несреќата се случила околу 13 часот и 30 минути на саемот во близина на автобуската станица во Куршумлија, а се истражува причината за уривањето на рингишпилот. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан