• недела, 22 декември 2024

Се одржа јубилејна 10. Ораторска вечер во кривопаланечката гимназија 

Се одржа јубилејна 10. Ораторска вечер во кривопаланечката гимназија 

Крива Паланка, 14 декември 2024 (МИА) - Десетмина оратори од средното општинско училиште „Ѓорче Петров", Крива Паланка, синоќа настапија на јубилејната,десетта „Ораторска вечер" говорејќи на тема „Ние имаме порака, сакаме да не слушнете".

Настанот е единствен од ваков вид во градот и предизвика голем интерес кај јавноста, а темите на бедемите на младите говорници: дали талентот или напорната работа носат успех  љубов наспроти оттуѓување, емпатија и хуманост наспроти себичност, визија за иднината на младите, стоп за непотизмот и булингот, ги допреа најдлабоките е емоции и ги поттикнаа на размислување присутните, импресионирани од вештите млади говорници.

Ораторската вечер ја отвори директорката на училиштето, Елена Ѓорѓиевска, која нагласи дека на ораторската вечер од основањето до денес настапиле стотина млади,вешти во јавно говорење , благодарение на менторството од нивните професори по македонски јазик и литература, а настанот прераснува во прекрасна традиција која ги кали овие млади средношколци во вешто изразување, вештина неопходна за целиот нивен понатамошен развој и напредок како личности.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој порача дека енергијата на младите е двигател на општеството.

- Младински ставови со јасни пораки и визии за иднината, прецизно одмерени говори со критички став и одлично говорништво ја одбележаа јубилејната ораторска вечер во организација на СОУ „Ѓорче Петров". Честитки до училиштето и активот по македонски јазик за еднодецениското одржување на традицијата на организирање ораторски вечери, пружајќи им можност на младите да се подготват за јавно говорење, усвојување говорнички вештини, значајни за која било професија и кариера. Честитки до наградените ученици и до сите говорници. И јас и општината остануваме партнер на младите во градењето подобра иднина за сите, порача Митовски.

За најуспешни оратори беа прогласени: Марта Спасовска, првонаградена, второто место и припадна на Ева Величковска, а трет е Никола Митовски.

Вечерта беше збогатена со литературен и музички перформанс во изведба на средношколците. ид/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан