• среда, 10 јули 2024

Се намалува бројот на илегални преминувања на американско-мексиканската граница

Се намалува бројот на илегални преминувања на американско-мексиканската граница

Вашингтон, 9 јуни 2024 (МИА) – Се намалува бројот на мигранти кои илегално ја минуваат границата меѓу САД и Мексико, јавија американските медиуми.

Неименуван висок функционер на американската гранична служба изјавил дека тоа укажува дека новата рестриктивна политика на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја обесхрабрува илегалната имиграција.

Официјалниот претставник рекол дека американските гранични патроли уапсиле околу 3.100 луѓе кои илегално ја преминале границата во петокот, што е за околу 20 отсто помалку од претходните денови. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан