• четврток, 25 април 2024

Се гради пат во кривопаланечкото село Кркља

Се гради пат во кривопаланечкото село Кркља

Крива Паланка, 5 јуни 2023 (МИА) - Средства во висина од девет милиони денари од Бирото за регионален развој се инвестираат за изградба и асфалтирање на пат во кривопаланечкото село Кркља. Увид во работите на терен денеска извршија градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

- Во село Кркља интензивно се работи на изградбата на патниот правец во должина од1500 метри, локален патен правец кон маала „Џиковци" и „Тукарци". Изведени и завршени се земјените работи, во моментов се работи на изведба на пропусти за одводнување, по што следува тампонирање и асфалтирање за поврзување со постојниот асфалтен пат. Станува збор за инвестиција вредна девет милиони денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени преку Биро за регионален развој за создавање услови за рурален развој, информира градоначалникот Митовски.

Ова е еден од двата проекти со вкупна вредност од 28 милиони денари што беа одобрени за Крива Паланка во Програмата за рамномерен регионален развој 2022/23 година од Советот за регионален рамномерен развој.

Според министерот Николовски со проектот „Создавање на услови за рурален развој во село Кркља преку изградба на локална патна инфраструктура“, ќе се овозможи користење на расположливото обработливо земјоделско земјиште за населението во Кркља, како и создавање предуслови за рурален развој, услови за отворање мали трговски фирми, зголемен процент на вработеност на локално ниво, а со тоа и подобри услови за економски развој на Општина Крива Паланка. ид/цр


Фото: Општина Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан