• петок, 20 септември 2024

Се гасне пожарот кај месноста Вртена Скала, Пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ

Се гасне пожарот кај месноста Вртена Скала, Пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ

Пехчево, 12 август 2024 (МИА) - Пехчево денеска е завиено во чад, по пожарот кој вчера околу пладне повторно избувна над градот. Во пожарот изгоре единственото противпожарно возило сопственост на Доброволното противпожарно друштво „Пехчево", а припадници на друштвото се здобија со помали изгореници, откако беа извлечени и спасени од вработените на подружницата на ЈП Национални шуми од Пехчево.

Од утрово пожарот се гаси од земја и воздух со хеликоптерска поддршка на АРМ, додека на терен покрај ДПД „Пехчево" се наоѓа поголем екипаж луѓе од Пехчево и околните места.

Хеликоптерите коишто учествуваат во гаснењето црпат вода од импровизираниот базен на Градскиот стадион.

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански апелира и понатаму кој е во можност да се приклучи на екипите со збирно место на градскиот плоштад. Во меѓувреме, на отворениот штанд се доставуваат продукти и вода за учесниците во гаснењето на пожарот.

Моментално ТППЕ Берово заедно со Шумската полиција, претставници од ЈП Национални шуми од Берово и Пехчево, како и припадници на ТППЕ Кавадарци, заеднички го гаснат пожарот над Пехчево на месноста Вртена скала. вс/вг/

Фото: МИА/МИА Архива

 

 

Остани поврзан