• петок, 22 ноември 2024

Сеул: Северна Кореја може да произведе двоцифрен број нуклеарни оружја

Сеул: Северна Кореја може да произведе двоцифрен број нуклеарни оружја

Сеул, 26 септември 2024 (МИА) – Северна Кореја има доволно плутониум и ураниум за да може да произведе најмалку двоцифрен број нуклеарни оружја, изјави утрово јужнокорејскиот пратеник Ли Сеонг-квон, повикувајќи се на јужнокорејската разузнавачка агенција.

Ли рече дека јужнокорејската разузнавачка агенција смета дека постои голема веројатност Северна Кореја да ја изврши седмата нуклеарна проба по претседателските избори во САД на 5 ноември.

Јужнокорејски пратеник рече дека ретко се случува севернокорејските државни медиуми да известуваат за посетите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на постројка за збогатување ураниум, така што покривањето на неговата посета претходно овој месец веројатно може да испрати порака до Вашингтон пред претседателските избори во САД.

Ли исто така истакна дека најавите за посетата на Ким би можеле да бидат и за домашни цели бидејќи економската ситуација во Северна Кореја е тешка.

Пјонгјанг претходно соопшти дека неговиот арсенал на нуклеарно оружје и балистички ракети е неопходен за да се спротивстави на заканите од САД и нивните сојузници.

Федерацијата на американски научници во јули заклучи дека Пјонгјанг можеби произвел доволно потребен материјал за да направи до 90 нуклеарни боеви глави. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан