• четврток, 21 ноември 2024

Серхио Перез: По катастрофата во Канада, ми треба успешен викенд во Шпанија

Серхио Перез: По катастрофата во Канада, ми треба успешен викенд во Шпанија

Лондон, 19 мај 2024 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Серхио Перез е решен да се рехабилитира во Барселона по слабиот настап на трката за Големата награда на Канада пред десет дена.

Тој зборуваше за тоа што очекува од Шпанското ГП што ќе се вози следниот викенд од 21 до 23 јуни.

- Доаѓајќи во Шпанија, знам дека ми треба успешен викенд по катастрофата во Канада. Понекогаш треба да се направи рестарт во буквална смисла, а ние го направивме тоа по последната трка. Работев во Милтон Кејнс со тимот - се обидувавме да откриеме каде можеме да се подобриме за да можам да извлечам максимум од болидот. Уверен сум во квалитетот на болидот и брзината што можеме да ја исцедиме од него, но тоа треба да го покажам на патеката во Барселона, рече Перез.

Во моментов Перез е на 5.место во Генералнито поредок со 107 бодови. Лидер е Макс Верстапен исто така од Ред Бул со 194 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан