• петок, 24 мај 2024

Семејството на момчето кое го изврши масакрот во училиште во Белград изрази сочувство до семејствата на жртвите

Семејството на момчето кое го изврши масакрот во училиште во Белград изрази сочувство до семејствата на жртвите

Белград, 25 мај 2023 (МИА) - Семејството на момчето К.К., кое во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград уби десет лица, а повреди петмина, изрази сочувство до семејствата на загинатите преку соопштение што денеска го објави адвокатската канцеларија што ги застапува.

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете и за (чуварот) Драган (Влаховиќ) кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство поради нивната загуба, која е и наша загуба. Вечно тажни“, се вели во соопштението на адвокатската канцеларија Боровиќ.

Изјавата е потпишана од семејството на момчето кое е осомничено за убиствата во основното училиште Владислав Рибникар.

 Ученикот од седмо одделение К.К. осомничен е за масовното пукање на 3 мај кога влегол во училиштето во кое учело   и пукал во свои врсници и вработени. Тој уби осум ученици и училишен чувар на лице место, а рани уште седуммина, додека едно девојче подоцна им подлегна на повредите. зш/

Остани поврзан