• сабота, 21 декември 2024

Семејствата на жртвите на масовното убиство во Мејн ја тужат американската војска

Семејствата на жртвите на масовното убиство во Мејн ја тужат американската војска

Луистон, 15 октомври 2024 (МИА) - Адвокатите кои застапуваат 100 преживеани и семејства на жртвите на најсмртоносното масовно убиство во историјата на Мејн, североисточна американска држава, поднесоа формална тужба против американската војска и воената болница затоа што не направил ништо за да го спречи резервистот одговорен за нападот.

Тужбата се заснова на тврдењето дека воените власти биле свесни за влошеното ментално здравје на резервистот Роберт Кард, кој пред нападот изразил убиствени намери.

Во напад на 25 октомври 2023 година, Кард уби 18 луѓе и рани 13, а два дена подоцна изврши самоубиство.

Независната комисија заклучи дека армијата имала можност да интервенира. Адвокатите тврдат дека војската ги прекршила своите обврски со тоа што не одговорила на сериозните закани на Кард.

Тужбата е првиот чекор во тужбата против федералната влада, а војската има шест месеци да одговори. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан