• недела, 22 декември 2024

Седум тела, меѓу кои и две исчезнати тинејџерки, пронајдени во градот Оклахома

Седум тела, меѓу кои и две исчезнати тинејџерки, пронајдени во градот Оклахома

Вашингтон, 2 мај 2023 (МИА) - Тела на седум лица се пронајдени на фарма во американската сојузна држава Оклахома за време на потрага по две исчезнати тинејџерки, потврдија државните истражители. Меѓу починатите се и телата на двете исчезнати тинејџерки и регистриран сексуален престапник, во чиј дом биле пронајдени жртвите.

Телата се пронајдени во близина на градот Хенриета, источно од Оклахома Сити, изјави портпаролот на Истражното биро во Оклахома, Џералд Дејвидсон. Тој додаде дека во тек е идентификација на жртвите и дека е прекината потрагата по тинејџерите и човекот со кој се претпоставувало дека е со двете девојчиња.

Претходно беше започната потрага по Ајви Вебстер (14) и Бритни Брауер (16), кои наводно биле видени со регистрираниот сексуален престапник Џеси Мекфејден. Мекфејден беше осуден за силување од прв степен во 2003 година и ослободен во октомври 2020 година. Тој вчера требаше да се појави пред судот под обвинение за подведување и поседување детска порнографија. ссм/

фото: Американски регистер на сексуални престапници

Остани поврзан