• сабота, 06 јули 2024

Седум Палестинци загинаа во израелска рација на Западниот Брег

Седум Палестинци загинаа во израелска рација на Западниот Брег

Рамала, 5 јули 2024 (МИА) - Седум Палестинци беа убиени денеска во напад на израелската војска во градот Џенин на окупираниот Западен Брег.

Израелската армија соопшти дека нејзините сили опколиле зграда во која екстремистите се забарикадирале и дека израелски авиони погодиле цели во областа.

Палестинските медиуми објавија дека воени возила опколиле куќа во бегалскиот камп Џенин и дека од Палестинците во неа било побарано да се предадат.

Во рацијата биле употребени ракетни фрлачи и беспилотно летало што ја погодило куќата.

Претходните извештаи наведуваа дека загинале пет Палестинци, но бројот на жртвите бил зголемен. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан