• понеделник, 23 декември 2024

Седум лица уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари во Хонг Конг

Седум лица уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари во Хонг Конг

Хонг Конг, 16 февруари 2024 (МИА) - Царинските службеници во Хонг Конг уапсија седум лица поврзани со перење на 1,8 милијарди долари, што е најголемиот случај на перење пари во Хонг Конг, објави Чајна дејли.

Како што се наведува, според официјални лица, седуммина локални жители, на возраст меѓу 23 и 74 години, биле дел од голема транснационална група која користела лажни компании и банкарски сметки за префрлање големи суми пари од странство во Хонг Конг под маската на водење меѓународна трговија.

Царинското биро за финансиски истраги соопшти дека постои сомневање дека некои од „испраните“ пари се поврзани со случај на измама со мобилна апликација во Индија, но не прецизира за која апликација станува збор.

Властите веруваат дека групата добивала дознаки од Индија на име на извоз на електронски уреди, дијаманти, скапоцени камења и благородни метали. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан