• среда, 15 мај 2024

Седумнаесет повредени во несреќа меѓу автобус и камион во северозападна Турција

Седумнаесет повредени во несреќа меѓу автобус и камион во северозападна Турција

Анкара, 27 март 2024 (МИА) - Седумнаесет лица се повредени денеска во тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион на автопатот во близина на градот Дузче, северозападна Турција, јави Си-Ен-Ен-Турција.

Автобусот патувал за Анкара.

Несреќата се случила околу 13 часот по локално време, откако автобусот се судрил со камион кој се движел во истиот правец. Автобусот потоа удрил во заштитната ограда на патот.

На подрачјето на инцидентот се испратени екипи на полицијата, противпожарната служба и многу возила на брза помош.

Возачот останал заробен во возилото, но бил спасен од пожарникарите. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан