• петок, 05 декември 2025

Сибиха: Растечкиот руски терор ја потврдува итната потреба од нови санкции на ЕУ и САД

Сибиха: Растечкиот руски терор ја потврдува итната потреба од нови санкции на ЕУ и САД

Киев, 29 јуни 2025 (МИА)  - Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека Европската Унија и САД треба да воведат нови санкции против Москва, како одговор на синоќешниот масовен руски напад на украинска територија.

-Растечкиот обем на терор докажува итната потреба од нови санкции. На ЕУ и САД тоа им е потребно не само за да ја поддржат Украина, туку и за себе. Лишувањето од ресурси на руската терористичка машина сега е прашање на трансатлантска безбедност, рече шефот на украинската дипломатија, пренесува Suspilne.

Според него, во текот на ноќта, Русија лансирала околу 500 ракети и беспилотни летала кон Украина.

Украинските медиуми објавија дека Русија започнала масовен напад врз Украина со беспилотни летала и крстосувачки ракети.

Воздухопловните сили го регистрирале полетувањето на три бомбардери Ту-95МС од аеродромот Олења и еден МиГ-31К од аеродромот Саваслејка.

Експлозии се слушнале во областите Л’вов, Полтава, Николаев, Черкаси, Запорожје и Киев.

Во Черкаскиот регион, шест лица се повредени како резултат на нападот, вклучувајќи и петгодишно дете, а 70 лица се евакуирани за време на спасувачката операција.

Во раните утрински часови, руската армија го нападна регионот Ивано-Франковски со крстосувачки ракети. Единици за воздушна одбрана дејствуваа во регионот, а фрагменти од ракети повредија жена и оштетија црква.

Во Л’вовскиот регион, руските сили погодија два важни инфраструктурни објекти.сд/

Остани поврзан