Седуммина повредени во руски напад на украинскиот град Виница
- Седум лица се повредени во синоќешниот напад на руски дронови врз Виница, соопшти првата заменичка на началникот на Виничката обласна администрација, Наталија Заболотна.
Киев, 16 јули 2025 (МИА) – Седум лица се повредени во синоќешниот напад на руски дронови врз Виница, соопшти првата заменичка на началникот на Виничката обласна администрација, Наталија Заболотна.
- Од 6:40 часот веќе имаме седуммина повредени. Петмина од нив имаат изгореници, напиша Заболотна на Фејсбук, додавајќи дека две лица со изгореници се во тешка состојба.
Заболотна објасни дека руските дронови погодиле објекти од индустриската инфраструктура, предизвикувајќи пожари, од кои еден веќе е локализиран. Дополнително, оштетени се четири станбени згради, со штети на покривите, прозорците и вратите. Една од куќите е значително оштетена.
Според информациите, за време на синоќешниот напад, 28 руски дронови го погодиле регионот на Виница, при што биле уништени околу 18 цели. јт/
Фото: Заболотна на Фејсбук скриншот