• четврток, 04 декември 2025

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и за финансирање и буџет.

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите треба да расправа по Извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2024 година, а пред Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање  Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година. 

Во Комисијата за финасирање и буџет, пак, треба да продолжи расправата по ребалансот на Буџетот. лв/вг/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан