• понеделник, 09 март 2026

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Скопје, 9 март 2026 (МИА) - Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог одлуката за одржување јавна расправа по Предлогот на закон за јавното обвинителство.

Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе расправа за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за изменување на Законот за данокот на добивка, двата во прво читање.

По овие два предлог закона  ќе расправаат и членовите на Законодавно-правната комисија. сст/лв/

Фото МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан