Седници на две собраниски комисии
- Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за образование, наука и спорт, како и Законодавно правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на законот за средното образование во второ читање, за кој се поднесени 55 амандмани.

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за образование, наука и спорт, како и Законодавно правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на законот за средното образование во второ читање, за кој се поднесени 55 амандмани.
Исто така, дневен ред на оваа седница за денеска се и предлог-законите за образование на возрасните, за стручно образование и обука, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, за кој се поднесени седум амандмани.бт/вг/
Фото: МИА Архива