• понеделник, 23 декември 2024

Северна Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот

Северна Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - Република Северна Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот, информираше попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Уште еден надворешнополитички успех. Нашата земја е примена како членка на Унијата за Медитеранот, важен регионален форум за соработка меѓу Европската Унија и медитеранските земји. Секој ден поблиску до Европската Унија, напиша Османи на Фејсбук. ев/лв/

Остани поврзан