Северна Македонија има најбрз интернет во регионот
- Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Северна Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и Бугарија 40,4 Mbps.
Скопје, 7 август 2024 (МИА) - Северна Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на Cable.co.uk, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“.
Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Северна Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и Бугарија 40,4 Mbps.
Најбрз интернет во Еропа има на островот Џерси (264 Mbps) лоциран меѓу Велика Британија и Франција, во Лихтенштајн 246,8 Mbps и во Исланд 229,4 Mbps.
Во Франција брзината на интернетот е 152.5 Mbps, во Холандија 142,5 Mbps, во Шпанија 133,3 Mbps, а во Германија 81,7 Mbps.
Најбавен интерен во Европа имаат Хрватска 25,7 Mbps, Албанија 25,4 Mbps и Турција 24,8 Mbps.
Податоците на Cable.co.uk се базираат на анализа на над 1,5 милијарди тестови за брзина на широкопојасен интернет во 229 земји, во текот на 12 месеци, завршувајќи на 30 јуни 2024 година. са/аа/
Фото: Лангеист принтскрин