• четврток, 12 јуни 2025

Директорот на БЈБ на показна вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ за прием на полициски службеници во ЕБР

Директорот на БЈБ на показна вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ за прием на полициски службеници во ЕБР

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) – Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, денеска, присуствуваше на показната вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на полициските службеници за прием во Единицата за брзо распоредување кои успешно ја завршија шестмесечната обука.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, на вежбата биле презентирани тактики и техники од доменот на јавниот ред и мир и полициски опрации во урбана средина, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и напад на возило и апсење на вооружени и опасни лица.

– Колегите прикажаа и докажаа умешност, вештини и подготвеност кои гарантираат дека ЕБР е и ќе биде една од алките кои го сочинуваат безбедносниот систем подготвен деноноќно да служи на граѓаните и нивната безбедност. Благодарност до командантот и останатите раководители во Единицата, до инструкторите и менторите, како и до раководството на Одделот за специјални полициски операции, истакнал директорот Јанев.

Преку вежбата, додаваат, биле презентирани и акции на приод и влез во објект во кој се наоѓа криминална терористичка група, неутрализирање на истите, како и апсење на дел од групата, со користење на оклопни возила, беспилотно летало „дрон”, како и останати средства и опрема со кои располага Единицата. ра/аа/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан