• четврток, 12 јуни 2025

Кривична пријава против скопјанец за физички напад врз неговата сопруга и нелегално поседување оружје и муниција

Кривична пријава против скопјанец за физички напад врз неговата сопруга и нелегално поседување оружје и муниција

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) – Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р. (29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 и „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, лицето во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет.

– На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет. Подоцна, со наредба од  Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени 1.167 куршуми од различен калибар, автоматска пушка калибар 7.62 х 39 мм, пиштол „Зораки“ за светлосна звучна сигнализација преправен во огнено оружје калибар 7.65 мм, полуавтоматски пиштол „Рангер“ калибар 9 мм, пневматски пиштол, една рачна граната, рамки за автоматско оружје, футроли за пиштоли, делови од огнено оружје, ножеви и други остри предмети и други предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело, стои во соопштението на МВР.  

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот А.Р. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. ра/аа/

Фото: МВР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан