• петок, 20 декември 2024

Северна Кореја тестираше нов вид балистички проектил

Северна Кореја тестираше нов вид балистички проектил

Пјонгјанг, 14 април 2023 (МИА) - Северна Кореја соопшти дека вчера тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво (ИЦБМ), а лидерот Ким Џонг-ун рече дека тоа претставува голем чекор во способноста на Пјонгјанг да изврши нуклеарен контранапад, објавија државните медиуми.

„Хвасонг-18 ќе ја брани Северна Кореја, ќе ги сузбие инвазиите и ќе ја заштити безбедноста на нацијата, јави државната новинска агенција КЦНА, истакнувајќи оти лидерот Ким Џонг-ун изразил „големо задоволство“ поради успехот на пробното лансирање. 

По лансирањето на ракетата беа предупредени жителите на северниот јапонски остров Хокаидо да се евакуираат, но подоцна наредбата беше суспендирана.

Интерконтиненталната балистичка ракета на цврсто гориво е најсовремен светски стандард и може полесно да се преместува и лансира побрзо од ракетите на течно гориво. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан