СДСМ: Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, дали ги прикрива барањата за амнестија
- Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски. Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - СДСМ денеска преку соопштение пораба од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да одговори, како што велат, за диловите со поранешниот претседател на партијата и екс премиер Никола Груевски.
-Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се нагласува дека вистинскиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ е Груевски, а не Мицкоски.
-Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицкоски е толку нервозен. Политиката на блокада на Мицкоски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него, реагираат од владејачката партија. ац/
Фото: МИА Архива