• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удира по џебот на прилепчани, зголемени цените на комуналните услуги и јавниот превоз

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удира по џебот на прилепчани, зголемени цените на комуналните услуги и јавниот превоз
28 септември 2022  Почитувани граѓани, почитувани новинари, ВМРО тендерска ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните во време на најголема светска економска криза. Градоначалникот Борче Јовчевски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп ги поскапеа комуналните услуги за дури 67 %, јавниот превоз  за 50 %  и  водта за 23 % во ек на криза . Повеќе од 11 часа, советничката група на СДСМ и коалицијата се бореше за интересите на граѓаните, преку амандмани и барања за повлекување на точките го бранеше економскиот стандард на жителите на Прилеп. Но ВМРО-ДПМНЕ со мнозинството во Советот донесе одлука комуналните услуги и јавниот превоз во Прилеп значително да поскапат. Неспособноста на директорите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно брцале со рацете во медот, ги доведе јавните претпријатија до колапс. Сега, таа неспособност треба да ја плаќаат граѓаните на Прилеп. Никаква промена нема во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски не се грижи за граѓаните, туку важни ѝ се само интересите на одредени бизнис групи. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.

Она коешто ние вчера ги повикавме ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да ја прекине праксата којашто ја наметна во Собранието преку Комисијата за надворешни работи којашто ја раководи тој, а тоа е да кочи, да блокира, да го блокира целиот процес којшто се однесува во делот на надворешната политика на нашата држава.Вчера ние имавме прес-конференција да се откочат сите оние ратификации којшто се во делот за подобрување, односно олеснување на условите за размена на работници помеѓу државите вклучени во поектот Отворен Балкан.Досега немаме никаков одговор од страна на Антонио Милошоски, уште еднаш ја користам оваа прилика да го повикам веднаш да закаже Комисија за надворешна политика во Собранието, да се откочат овие работи, се со една цел во интерес на граѓаните затоа што насушно им е потребно да се реализира она коешто е договорено во проектот Отворен Балкан.

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ Центар за комуникации со јавноста на СДСМ  __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан