• недела, 22 декември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се изживува врз граѓаните со ваучерите и ги понижува

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се изживува врз граѓаните со ваучерите и ги понижува

Скопје, 7 ноември 2024

Неспособната ВМРО-ДПМНЕ денеска срамно ги понижи граѓаните кои со часови и во долги редиви чекаа за ваучери за клима уреди. Дури има случај каде што едне човек се онесвестил.

СДСМ кога ги доделуваше ваучерите имаше систем без чекање, граѓаните имаа опција по пошта или лично во подолг временски период да ги подигнат. Затоа никогаш досега немаше гужви.

Дополнително од 2017 до 2021 година и градоначалниците на СДСМ имаа огласи за инвертери но никогаш гужви и понижување врз граѓаните никогаш немало.

Моделот на СДСМ одлично функционираше. Сега слушаме дека ВМРО-ДПМНЕ се правда дека немало време за пошта што воопшто не е точно. Но секако, ова е јасна потврда дека заради нивната неспособност граѓаните мора да мрзнат и се туркаат.

Ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ е срамно и неодговорно.

Прашање е дали ВМРО-ДПМНЕ можеби и намерно се изживува врз граѓаните заради ПР?

СДСМ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан