• среда, 15 јануари 2025

СДСМ: Владата да ја смени одлуката и да издвои пет денари за килограм пченица

СДСМ: Владата да ја смени одлуката и да издвои пет денари за килограм пченица

Скопје, 4 септември 2024

Министерот Цветан Трипуновски делува дезориентирано и не знае каде тера. Тоа се одразува негативно врз земјоделците.

Владата ја донесе одлуката за дополнителни 3 денари за килограм пченица. Земјоделците се крајно разочарани и незадоволни затоа што тоа е недоволно.  

Трипуновски мисли дека иста сумата од лани, но минатата 2023 година пченицата се откупување за 12 денари а оваа 2024 година за 9 денари. Бидејќи тоа Трипуновски не го знае и не го увидел затоа Владата носи мерка со само 3 денари за килограм пченица.  Значи земјоделците се оштетни и потребни им се барем 5 денари по килограм.

СДСМ е на страна на земјоделците и бара Владата веднаш да ја промени одлуката и да издвои дополнителни 5 денари за килограм пченица и дополнителни 10.000 денари по хектар за јачмен.

Воедно во низмената бараме да стои прецизно дека со откуп до 30 октомври, бидејки доколку некој ја има складирано да може да ја продаде.

Фактот дека од објавувањето на мерката им се дават на земјоделците само два дена, а тоа е 5-ти септември,  владата на Мицкоски покажува дека сака повторно да ги манипулира земјоделците.

Земјоделците во новата влада и новиот министер немаат партнер ниту поддршка.

СДСМ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан