• среда, 24 април 2024

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

Тетово, 5 јуни 2023 (МИА) - СВР Тетово ги информира жителите на Полошкиот регион дека деновиве ќе се извршуваат вежби на полицајците на отворено за користење на огнено оружје. Предвидени се вежби на подрачјето и на Тетово и на Гостивар.

-Секторот за внатрешни работи Тетово на 07, 8 и 9-јуни во стрелачкиот центар „Еребино“ ќе врши боево гаѓање, што секоја година се врши со припадници на тетовската полиција, информираше денес СВР Тетово.

Според информацијата на СВР Тетово исто така, на 7 јуни во место викано „Мавровска брана“ во Маврово, на 8 јуни во ростушкото село Аџиевци и на 12 и 13 јуни во импровизираното стрелиште на местото викано „Рудина“ во село Волковија ќе се врши боево гаѓање и од страна на припадниците на гостиварската полиција.ас/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан