• недела, 12 мај 2024

СВР Битола со апел до возачите „Алкохол и волан, најлоша комбинација“

СВР Битола со апел до возачите „Алкохол и волан, најлоша комбинација“

Битола, 31 декември 2023 (МИА) - СВР Битола синоќа и во изминатите две вечери, во периодот од 22.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола, односно во  Битола и Прилеп спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 возачи, а откриени биле и 14 останати прекршоци, потврдија од СВР-Битола

- Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и затоа апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се воздржат од конзумирање алкохол при управување со моторното возило, бидејќи само така ќе овозможиме безбеден сообраќај и спречување на сообраќајни незгоди, соопштија од СВР-Битола. мт/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан