• петок, 05 декември 2025

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. 

- Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Дел од медиумите објавија дека е приведен сопственикот на РКМ и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски. бак/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан