• сабота, 28 септември 2024

Светски состанок за вакцини за Африка ќе се одржи во Париз

Светски состанок за вакцини за Африка ќе се одржи во Париз


Париз, 20 јуни 2024 (МИА) - Голем број африкански лидери, донатори и претставници на фармацевтски групи денеска се собираат во Париз на самит посветен на производството на повеќе вакцини за Африка, која сега е погодена од епидемија на колера. Светскиот форум е коорганизиран од Франција, Африканската унија и Алијансата за вакцини.

На настанот се очекува да бидат објавени над милијарда долари финансирање за производство на вакцини во Африка. Континентот сега произведува само 2 отсто од вакцините што ги користи.

Акцент ќе биде ставен на финансирањето на вакцините против колера. На форумот во Париз ќе дојдат лидерите на Сенегал, Гана, Руанда и Боцвана, директорот на Светската здравствена организација, претставници на банки, производители на вакцини. зш/

Остани поврзан