• четврток, 19 декември 2024

Светска недела на италијанската кујна во Штип

Светска недела на италијанската кујна во Штип

Штип, 23 ноември 2023 (МИА) - Во Штип синоќа се одржа големиот натпревар „Пица или Пастрамалјија“ во рамки на Светската недела на италијанската кујна. Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри истакна дека се споредуваат два скапоцени специјалитети на италијанската и македонската кујна.

-Многу сум среќен што оваа година италијанската Влада да ја кандидира италијанската кујна за нематеријалното богатство на УНЕСКО, бидејќи италијанската кујна не е само храна и рецепти, таа е богатство за сите граѓани и пријатели на италијанската кујна, вели Силвестри.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека е чест и задоволство да се присуствува на ваков настан,  којшто ја покажува долгогодишната соработка меѓу двете земји.

-Штип е познат по традиционалната штипска Пастрамајлија, но сега имаме можност да гледаме како на традиционален начин се подготвува и традиционалната италијанска храна, а тоа е пицата, којашто ќе се компарира со нашиот бренд штипската пастрамајлија, вели Јорданов.

Познати  пица мајстори од земјава и Италија за присутните гости во „Локал и кичен бар“ на лице место ги проготвуваа познатите специјалитети. вдј/

 Фото: МИА

Остани поврзан