• вторник, 02 јули 2024

Сари: Лацио одигра добро против Наполи и не заслужи да загуби

Сари: Лацио одигра добро против Наполи и не заслужи да загуби
Рим, 28 февруари 2022 (МИА) - Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, смета дека неговиот тим незаслужено загуби синоќа од Лацио во дербито на 27. коло на италијанската Серија А. - Покажавме добра игра, доминиравме во првото полувреме. Во второто полувреме малку загубивме и ја плативме цената, примајќи гол во самиот финиш на натпреварот. Меѓутоа, ако пред три месеци сите мислеа дека Наполи е премногу тежок за нас, тогаш денеска имавме одлични шанси - имавме повеќе шанси за гол. Треба да научите како да ја читате играта за да постигнете резултати. Ова е прашање на детали, бидејќи денеска одигравме добро и не заслуживме да загубиме, истакна Сари за „Football Italia“. Лацио е седми во Серија А со 43 бода, додека Наполи е на делба на првата позиција со Милан со по 57 бодови. зс/

Остани поврзан