Сара Мишел-Гелар: Нема Фејсбук за децата
- Глумицата и нејзиниот сопруг Фреди Принц Џуниор имаат 13-годишна ќерка, Шарлот и 10-годишен син, Роки. Како што тврди строгата мајка, како родители едвај им дозволуваат да погледнат на тој ин
Лос Анџелес, 4 октомври 2022 (МИА) - Сара Мишел-Гелар, можеби најпозната по хорор-хитовите од предминатото десетлетие, имаше интервју за порталот „Јаху“, па говореше за предизвиците со коишто се соочува како мајка. Таа особено ги коментираше социјалните мрежи и влијанието што тие го имаат врз децата денес...
Глумицата и нејзиниот сопруг Фреди Принц Џуниор имаат 13-годишна ќерка, Шарлот и 10-годишен син, Роки. Како што тврди строгата мајка, како родители на децата едвај им дозволуваат да погледнат на тој интернет-простор, а не пак да имаат свои профили и да минуваат време таму како и другите деца. - Нашите правила се веројатно построги од оние на многу други родители. Нашите деца немаат профили на социјалните мрежи. Понекогаш им е дозволено да ги погледнат нашите мобилни телефони. Често ни велат дека сме најстрогите родители на светот, а ние им велиме дека и онака секогаш нам ќе ни се враќаат, раскажува Мишел-Гелар. Таа истакнува дека користењето на социјалните мрежи на таа возраст е исто како петгодишно дете да стави тетоважа од омилената цртанка на лицето. - На таа возраст, на пр. нема ништо подобро од „Патролата Шепа“ (Paw Patrol - популарна детска цртана серија во САД, з.п.). И тогаш стигнувате до таа возраст - 10 или 13, и сè уште имате тетоважа од ликовите - но тоа веќе не сте вие. Тешко е за децата да го разберат тоа. Децата треба да знаат кои се нивните граници - тие најдобро се развиваат во такви околности, рече глумицата. Таа нагласи дека тоа не значи дека се злобни или непотребно строги родители, но - мора да има јасни правила. си/паг/