• четврток, 12 март 2026
Посни соленки со сусам и мак

Овие крцкави посни соленки се едноставни за подготовка и совршени како закуска, мезе или додаток на трпеза. Комбинацијата од сусам и мак им дава богат вкус и пријатна арома, а тестото е меко и лесно за обликување.

Состојки:

  • 250 грама маргарин
  • 200 мл масло
  • 200 мл млака вода
  • 2 прашак за печиво
  • околу 1 кг брашно
  • 2 лажички сол
  • сусам
  • мак

Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги маргаринот, маслото, млаката вода, прашокот за печиво, солта и постепено додавајте брашно додека не добиете меко и мазно тесто.
Покријте го тестото и оставете го да одмори околу 30 минути. Потоа развлечете кора со дебелина од околу 1 см и исечете тенки ленти. Лентите премачкајте ги со прелив од вода и брашно и посипете ги со сусам. Долниот дел притиснете го во мак за да се залепи. Секоја лента завиткајте ја во спирала и редете ги соленките во плех обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 200 °C околу 20 минути, односно додека не добијат златна боја.
Совршени се додека се топли, но остануваат вкусни и крцкави и следниот ден.

Фото: Фрипик
 
 

Остани поврзан