• сабота, 23 ноември 2024

„Сан“: Фон дер Лајен кандидатка за генерален секретар на НАТО

„Сан“: Фон дер Лајен  кандидатка за генерален секретар на НАТО

Лондон, 1 април 2023 (МИА) - Британскиот таблоид „Сан“ доцна синоќа соопшти дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е кандидатка за нов генерален секретар на Алијансата, пренесува Хина.

Британските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека дел од членките на НАТО предложиле Германија да го преземе раководството на Алијансата од октомври годинава, по завршувањето на мандатот на актуелниот генерален секретар,  Норвежанецот Јенс Столтенберг.

Се очекува Столтенберг да ја напушти оваа функцијата по девет години, додека мандатот на претседателката на Европската комисија истекува следната година.

Таблоидот пишува дека Фон дер Лајен ја очекува тешка борба бидејќи Велика Британија ќе се спротивстави на нејзината кандидатура, затоа што смета дека таа лошо управуваше со вооружените сили додека беше министерка за одбрана на Германија.

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ напиша дека меѓу кандидатите за нов генерален секретар на НАТО се и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас и шпанскиот премиер Педро Санчез. „Сан“ го споменува актуелниот британски премиер Риши Сунак, а како кандидати се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд. сд/

Остани поврзан