• недела, 22 декември 2024

Санкционирани 98 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Санкционирани 98 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Скопје, 26 февруари 2023 (МИА) - На територијата на СВР Битола денеска од 10 до 16 часот е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 98 возачи. Од нив, 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место.

 

Како што информираат од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

 

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.бт/ев/

Остани поврзан