• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 64 возачи на подрачје на СВР Струмица

Санкционирани 64 возачи на подрачје на СВР Струмица

Скопје, 8 јули 2023 (МИА) - Во СВР Струмица вчера била спроведена засилена контрола над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената, при што констатирани се 64 прекршувања на ограничувањата за брзина.

Како што информираат од МВР, од нив, 20 прекршоци се на подрачје на Струмица, 16 во Гевгелија, 15 во Валандово и 13 на подрачје на Радовиш. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

-Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема  безбедност на сите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на МВР.бт/ев/

Остани поврзан