• среда, 24 април 2024

Санкционирани 267 непрописно паркирани возила во Центар

Санкционирани 267 непрописно паркирани возила во Центар

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 267 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП ПОЦ.

Во периодот од 15.05. до 21.05.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 137 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.сст/са/

Остани поврзан