• сабота, 13 јули 2024

Санкционирани 1653 сообраќајни прекршоци во август во Тетово

Санкционирани 1653 сообраќајни прекршоци во август во Тетово

Тетово, 5 септември 2023 (МИА) - Санкционирани 1653 различни видови прекршоци при 25те локални, засилени акциски контроли и редовните активности на сообраќајната полиција на поширокото тетовско подрачје во текот на август.

Од СВР Тетово известуваат дека од нив, поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај биле исклучени 56 возила, од кои 28 поради истечена регистрација до и над 30 дена и исто толку поради утврдена техничка неисправност.

- Во август, исто така, од сообраќај биле исклучени и 140 возачи, од кои 83 управувале без возачка дозвола, 28 под дејство на алкохол, 20 возачи-почетници кој не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, четири со важечка забрана за управување и пет со несоодветна категорија. Во август евидентирани се 10 излетувања на возила од коловоз и 6 сообраќајни несреќи предизвикани од животни, најмногу од кучиња скитници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај тов, во август времено биле одземени седум возила со истечена регистрација повеќе од шест месеци и бучавост, 42 возачки и 32 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 306 погрешно, односно непрописно паркирани возила, најмногу во централното подрачје на Тетово. ас/сан/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан