• сабота, 27 јули 2024

Санкционирани 154 возачи во Скопје

Санкционирани 154 возачи во Скопје

Скопје, 2 март 2024 (МИА) - Санкционирани се 154  возачи во Скопје, од кои 25 за брзо возење, во контроли што вчера ги спровел Секторот за внатрешни работи Скопје.  

Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени и 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет за користење мобилен телефон при возење, по пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло и за некористење на сигурносен појас...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан