• петок, 22 ноември 2024

Санкционирани 145 возачи во Скопје

Санкционирани 145 возачи во Скопје

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - При вчерашните сообраќајни контроли на територија на град Скопје, изречени се вкупно 145 мерки. Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина - 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Изречени биле и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за некористење сигурносен појас.

Во соопштението на МВР се нагласува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан