• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 130 возачи на мотоцикли

Санкционирани 130 возачи на мотоцикли
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден (30.08.2022) во периодот од 9 до 14 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 130 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, како што посочуваат од МВР, 93 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 15 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. рп/са/

Остани поврзан