• петок, 10 мај 2024

Само Вест Хем полош од Манчестер јунајтед од сите премиерлигаши изминатите 18 месеци на гостински терен

Само Вест Хем полош од Манчестер јунајтед од сите премиерлигаши изминатите 18 месеци на гостински терен

Лондон, 21 септември 2023 (МИА) - Само еден клуб од Премиер лигата загуби на гости почесто од Манчестер јунајтед во изминатата година и половина. Тоа е Вест Хем.

 

Вчера Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Баерн Минхен (3:4) во натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

 

Манчестер јунајтед сега има 18 порази на последните 35 натпревари на гости во сите натпреварувања, со 13 победи и 4 нерешени. Овој сегмент започна во март 2022 година.

 

Оттогаш, само Вест Хем од премиерлигашите претрпе повеќе порази на гости. „Чеканите“ загубија на 20 гостувања.

 

На 23 септември Манчестер јунајтед гостува кај Барнли во 6. коло од Премиер лигата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан