• понеделник, 23 декември 2024

Саем за вработување и кариера во рамки на вториот ден од SUBEX

Саем за вработување и кариера во рамки на вториот ден од SUBEX

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - АХК Северна Македонија го организира бизнис настанот Suppliers Balkan Expo-SUBEX, кој се одржува два дена во Скопје. Целта е поврзување на домашните компании добавувачи со компании купувачи од Германија, ЕУ и регионот, соопшти владината прес-служба.

- На денешниот саем за вработување и кариера кој ќе се одржи првпат во склоп на SUBEX ќе се претстават повеќе од 30 компании, кои ќе имаат можност во директен дијалог со учениците, студентите и стипендистите да разговараат за потребите профили во нивните компании, изјави Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, Албанија и Косово.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека со исклучителен неколкугодишен ангажман на ресорното министерство и со партнерите е променета перцепцијата за стручното образование и е зголемена неговата атрактивност.

-Тоа го покажува и континуираниот раст на бројот на запишани ученици во средното стручно образование. Во учебната 2023/2024 во средно стручно се запишаа над 43 илјади ученици. Ако до неодамна гимназиите беа прв избор на завршените деветтооделенци, сега сликата е сосем променета. Оваа учебна година 67,3 проценти од учениците одбраа стручно образование, споредено со гимназиското, рече Шаќири. 

Вториот ден на SUBEX е целосно посветен на професионален развој и обезбедување на стручни кадри.

- Во изминатите години домашните и германски инвеститори се повеќе се посветени на темата обезбедување на стручни кадри, АХК Северна Македонија ја препозна оваа потреба и веќе шест години по ред ја спроведува програмата за дуално стручно образование по германски терк. Програмата се спроведува во седум средни стручни училишта и во 15 компании партнери. Интересот од година во година расте, а денес ги доделивме сертификатите на втората генерација ученици кои завршија дуално образование по германски стандарди, исто така им посакавме добредојде на 140 ученици кои се дел од шестата генерација ученици, се наведува во соопштението. мд/нд/

Фото: Влада 

Остани поврзан