• среда, 18 март 2026

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја скрие вистината. Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес, институциите мора да работат по закон, а не на телефон - вели пратеникот Бране Петрушевски откога поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, објави на својот фејсбук-профил дека поднел тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против него и против д-р Жан Митрев.

Петрушевски вели дека стои зад секој јавно изнесен збор и оти е подготвен аргументите со Заев да ги соочи пред судот и пред јавноста.

- Судницата не е средство за заплашување, туку место каде што се утврдува вистината. Денес никој не е над законот. Ниту поранешен премиер ниту актуелен пратеник. Но, наместо Заев да се обидува преку тужби да ја замолчи критиката, нека одговори на суштинските прашања што ја интересираат јавноста. А вистината секогаш излегува на виделина - напиша Петрушевски на својот фејсбук-профил. сст/дма/

Фото: ФБ Бране Петрушевски

 

 

 

Остани поврзан