• вторник, 17 март 2026

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот современ урбан парк-плоштад во населеното место Марино.

Проектот, како што информираат од локалната самоуправа, е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

-Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор. Новиот парк-плоштад во Марино претставува современо уреден јавен простор, наменет за одмор, рекреација и дружење на граѓаните. Со воведувањето на бесплатна WiFi мрежа, овој простор добива дополнителна функционална вредност и се вбројува меѓу модерните јавни зони кои ги следат европските и светските трендови, велат од Општина Илинден.

Посочуваат дека градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакнал дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласил дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови. вј/дма/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан