• вторник, 25 јуни 2024

САД ќе помогнат за печатење учебници во Украина

САД  ќе помогнат за печатење учебници во Украина

Вашингтон,  24 јуни 2024 (МИА) - САД соопштија дека ќе помогнат да се испечатат три милиони нови учебници за украинските основни училишта, во знак на поддршка откако руските напади уништија главната печатница.

„На 23 мај 2024 година, руски напад ја уништи печатницата Фактур-Друк во Харков, една од најголемите печатници во Европа“, нагласи во соопштение американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Тој додаде дека „Русија го напаѓа образовниот систем на Украина“.

Саливан најави дека САД ќе „обезбедат помош за печатење на повеќе од три милиони учебници за украинските ученици од основните училишта пред оваа учебна година“.

Учебниците ќе се произведуваат во Украина, а поддршката ќе дојде преку американската меѓународна агенција за помош, УСАИД.

„Нашата порака е јасна: ќе продолжиме да бидеме со украинскиот народ додека се брани од варварската агресивна војна на Русија“, додаде Саливан.зш/

Остани поврзан