• среда, 04 декември 2024

САД „со голема загриженост го следат развојот на настаните“ во Јужна Кореја, рече заменикот државен секретар

САД „со голема загриженост го следат развојот на настаните“ во Јужна Кореја, рече заменикот државен секретар

Вашингтон, 3 декември 2024 (МИА) – САД „го следат развојот на настаните“ во Јужна Кореја „со голема загриженост“, изјави денеска заменик државниот секретар Курт Кембел откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол прогласи воена состојба во земјата.

- Претседателот, советникот за национална безбедност, државниот секретар, сите се информирани за развојот на настаните и постојано се ажурираат за ситуацијата додека се развива, рече Кембел на настан во Стејт департментот.

Кембел изјави дека САД се обидуваат да се ангажираат со јужнокорејските колеги „на секое ниво, и во САД и во Сеул“.

- Сакам да нагласам дека нашиот сојуз со Јужна Кореја е железен и ние стоиме покрај Кореја во нивното време на неизвесност, рече тој, користејќи го кратенката за формалното име на Јужна Кореја – РОК (the Republic of Korea).

Исто така, сакам само да нагласам дека ги имаме сите надежи и очекувања дека сите политички спорови ќе бидат решени по мирен пат и во согласност со владеењето на правото, додаде тој.

Кембел рече дека американската влада „ќе има повеќе да каже додека се развива ситуацијата“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан